Конкуренцијата на пазарот на вештачка интелигенција се вжештува, а од март Google го има својот чет-бот Bard на ова поле, кој е достапен во 180 земји.
Сепак, Bard не е достапен во Европската унија и се чини дека Google ќе мора да го одложи лансирањето на својот чат-бот со вештачка интелигенција во ЕУ, откако главниот регулатор го блокираше потегот поради загриженоста за приватноста на корисниците.
Ирската комисија за заштита на податоците истакна дека технолошкиот гигант не обезбедил доволно информации за тоа како Bard има намера да ја заштити приватноста на корисниците во Европската унија.
Регулаторот од Ирска е во фаза на „испитување и контрола“ на Bard, но јасно е дека генеративната алатка за вештачка интелигенција на Google нема да биде пуштена во продажба во ЕУ во текот на оваа недела, како што беше претходно планирано.
Интересно е што конкурентот на Google на ова поле, компанијата OpenAI, успеа да го објави својот ChatGPT chatbot во Европската унија, но се соочува и со проблеми.
ЕУ има работна група која го истражува ChatGPT, како и Bing AI на Microsoft и други производи од овој тип, и јасно е дека Европската унија не гледа толку поволно на системите за вештачка интелигенција како регулаторите во САД.
Поврзани артикли