Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува и „белите дробови на светот“.

Фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Пожарите беснеат со рекордна стапка во бразилската дождовна шума во Амазон, а научниците предупредуваат дека може да се случи уништувачки удар во борбата против климатските промени.Станува збор за најголем број на пожари кои избувнале од 2013 година, кога ситуацијата на терен почнала да на следи Националниот институт за истражување на вселената (познат по кратенката INPE).

Оваа година има 72.843 пожари во Бразил, повеќе од половина во регионот Амазон, соопшти ИНПЕ. Тоа е повеќе од 80% зголемување во однос на истиот период минатата година.

Амазон честопати се нарекува ,,белите дробови на планетата”, бидејќи произведува 20% од кислородот во земјината атмосфера. Се смета дека е од витално значење за забавувањето на глобалното затоплување и е дом на безброј видови на фауна и флора.

Драматичните слики и видеата на социјалните мрежи покажуваат огромни облаци од чад што се издигаат од зеленилото и огнени линии, оставајќи пустош зад себе.

Чадот достигна сè до Сао Паоло, оддалечен повеќе од 1.700 милји. Сликите од градот го прикажуваат небото прекриено од чад и пепел.