Долгоочекуваниот Samsung Galaxy S23 FE е се поблиску до презентација, а најнов доказ е сертифицираната батерија на овој телефон.
Батеријата со број на модел EB-BS711ABY, што одговара на бројот на моделот на телефонот Galaxy S23 FE, е сертифицирана од Safety Korea. Ќелијата е произведена од Amperex, но нејзиниот капацитет не се открива.
Сепак, претходните гласини укажуваат дека телефонот ќе пристигне со батерија од 4.500 mAh која ќе поддржува брзо полнење од 25 W.
Сертифицираната батерија е само уште еден показател дека Samsung Galaxy S23 FE би можел да биде претставен во блиска иднина.
Неодамна беше откриено дека продажбата на серијата Samsung Galaxy S23 значително се намалила минатиот месец, а се шпекулира дека продажбата за целиот втор квартал би можела да биде за 20% помала во споредба со продажбата на серијата Galaxy S22 во вториот квартал од минатата година. Оваа ситуација би можела да го натера Samsung да ја забрза презентацијата на телефонот Galaxy S23 FE.
Така, Galaxy S23 FE треба да пристигне пред Samsung да го одржи својот втор Galaxy Unpacked настан за годинава. Треба да се одржи во осмиот месец од 2023 година, а меѓу другото ќе бидат претставени и Samsung Galaxy Z Fold 5 и Samsung Galaxy Z Flip 5.
Кога станува збор за спецификациите на телефонот Samsung Galaxy S23 FE, тој би требало да пристигне во две опции RAM – 6 GB или 8 GB RAM и две опции за внатрешна меморија – 128 GB и 256 GB. Телефонот наводно ќе се напојува исклучиво од Exynos 2200 на Samsung, што би било разлика во однос на претходниот модел FE, кој пристигна во две верзии – едната со Exynos и другата со Snapdragon.