Новата серија паметн телефони на Oppo е блиску до претставување, а како што вообичаено се случува со сите нови смартфони, штотуку протекоа информации за нивните спецификации.

Овие три мобилни телефони би покривале малку диференцирани сегменти и, со овие карактеристики, нема сомнеж дека би биле прилично конкурентни во своите сегменти. Би задржале одредени заеднички точки како што е RAM меморијата, која би била 8 GB или вкупно 12 GB.

OPPO Reno7 SE ќе најмал од сите модели со 6,43-инчен AMOLED екран во Full HD+ резолуција со стапка на освежување од 90 Hz. Внатре ќе биде процесор MediaTek Dimensity 920 со 8 или 12 GB RAM. Неговата батерија ќе изнесува 4.300 mAh, а ќе биде придружена со брзо полнење од 65 W. Селфи камерата од 32 мегапиксели ќе биде надополнета со тројна задна камера од 64, 8 и 2 мегапиксели.

OPPO Reno7 би требало да пристигне со процесор кој го потпишува MediaTek, Dimensity 1200, со кој би имало и 8 GB или 12 GB RAM. За напојување, ќе постои батерија од 4.500 mAh.

Неговиот екран ќе достигне големина од 6,5 инчи во Full HD+ резолуција со брзина на освежување од 90 Hz, пренесува шпанскиот портал El Espanol. На предната страна треба да има камера од 32 мегапиксели, додека на задната страна троен сензор од 50, 16 и 2 мегапиксели.

OPPO Reno7 Pro би требало да биде смартфон со OLED екран во Full HD+ резолуција, кој би имал големина од 6,5 инчи и брзина на освежување од 120 Hz. Неговиот фотографски дел ќе се состои од предна камера од 32 GB и задна тројна камера со сензори од 64, 50 и 13 мегапиксели. Неговата батерија може да изнесува 4.500 mAh

Ќе биде покренуван од Qualcomm Snapdragon 888, кој освен неговата Plus верзија, е најдобриот процесор што моментно го има компанијата. Ова ќе биде придружено со 8 GB или 12 GB RAM во зависност од верзијата. Складирањето од 256 GB или 512 GB исто така би се разликувало во зависност од RAM меморијата.