Google Chat, апликацијата за пораки, сега има функција „паметно пишување“ која овозможува вештачката интелигенција да пишува предвидливи пораки за корисникот во контекст на тековниот разговор. На овој начин корисниците ќе заштедат време со избегнување на прекумерно пишување, објави компанијата на својот блог пост.
Целта на компанијата, како што вели, е да помогне во побрза комуникација за поефикасно да се реализираат деловните проекти и комуникацијата. Доколку на корисниците особено им се допаѓаат предлозите на вештачката интелигенција за пополнување реченици, тие можат да ги користат со кликнување на копчето „таб“.
Иако првично беше наменета за деловна употреба, апликацијата Chat, порано Hangouts, исто така е бесплатно достапна за индивидуални корисници. Во споредба со Hangouts, Chat има подобрени реакции на пораки и нова опција за вештачка интелигенција.
Компанијата забележува дека новата функција ќе се вклучи автоматски, но корисниците можат рачно да ја исклучат доколку не им се допаѓа. Ова може да се направи со едноставно отштиклирање на опцијата „Enable predictive suggestions as you compose a message on web and desktop“ во делот Smart compose од Chat поставките. Ажурирањето на апликацијата ќе биде достапно за сите корисници од 26 јуни, а опцијата за предвидливи пораки ќе биде достапна за англиски, италијански, португалски, шпански и француски јазик.
Поврзани артикли