Двајца астронаути инсталираа нови соларни панели на Меѓународната вселенска станица (ISS) за време на вселенската прошетка во петокот.
Американската вселенска агенција НАСА објави дека астронаутите Стив Бовен и Вуди Хобург инсталирале нови соларни панели за време на нивниот шестчасовен престој во вселената.
Веќе се одржани неколку мисии како подготовка за поставување на соларниот панел, кој е со димензии околу 18 на 6 метри и е наменет да го подобри снабдувањето со енергија на ISS.
Уште една IROSA (International Space Station Roll-Out Solar Array) треба да биде поставена следната недела.
Поврзани артикли