Кинеската влада ќе се обиде да иницира регулација за вештачка интелигенција во својата земја, изјави извршниот директор на Tesla, Илон Маск, по неодамнешниот состанок со официјални претставници во земјата.
„Треба да се напомене дека на моето неодамнешно патување во Кина, разговарав со високи функционери таму. Мислам дека имавме многу продуктивни дискусии за ризиците од вештачката интелигенција и потребата од некаков вид надзор и регулација“, рече Маск за време на разговор со Роберт Кенеди Јуниор, објавен на Твитер просторот.
Како што јави Ројтерс, Маск минатиот четврток ја заврши дводневната посета на Кина, за време на која се сретна со високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи, трговија и индустрија. Кинескиот сајбер регулатор во април ги откри нацрт-мерките за управување со генеративните служби за вештачка интелигенција, барајќи од фирмите да поднесат безбедносни проценки пред да ги објават своите понуди за јавноста. Кинеската управа за киберпростор (CAC) соопшти дека Кина ги поддржува иновациите и примената на вештачката интелигенција и охрабрува употреба на безбеден и сигурен софтвер, алатки и бази на податоци, но дека содржината генерирана од вештачката интелигенција (АИ) мора да одговара на основните социјалистички вредности на земјата.
Давателите ќе бидат одговорни за легитимноста на податоците што се користат за обука на производи за генерирачка вештачка интелигенција и неопходно е да се преземат мерки за да се спречи дискриминација во дизајнот на алгоритми и податоци, се додава во соопштението на CAC.
Поврзани артикли