Како една услуга може да ве спаси од главоболка

За жал, тоа им се случува на сите – една минута пишувате пораки или скролате, а следната не можете да го најдете вашиот телефон.

Во едно истражување на BDG Studios и OnePoll, прашавме 1000 млади од генерацијата Z од САД¹ за нивните навики за користење телефон. Резултатите покажуваат дека 14 отсто од нив секојдневно го затураат телефонот на места како што се тоалетот или „тука негде покрај кучето“.

Има ли други такви необични места како овие? Повеќе од 100 испитаници ги оставиле телефоните во фрижидер или замрзнувач, а осум од нив ги оставиле на покривот, под или околу автомобилот.

„Еднаш работев во градината и случајно го оставив телефонот до стебленцата од домати… Ми требаа неколку дена за конечно да го најдам, а потоа почнав да се смеам сам со себе– учесник во истражувањето.

Добро би било да ги заштитите вашите податоци и да чувате резервни копии на клауд пред вакво нешто да се случи. Но, тоа не значи дека сè е изгубено, дури и ако вашиот телефон е „закопан во песок на плажа во Мексико“ (вака всушност изјавил еден учесник).

Влезете во опцијата Find My Mobile (Пронајди го мојот телефон) за пронаоѓање на телефонот на Samsung Galaxy уредот. Оваа бесплатна услуга го зголемува звонењето на максимум и ви овозможува од далечина да го заклучите екранот на вашиот телефон за да ја заштитите вашата приватност, без разлика каде се наоѓа вашиот телефон.

Иако и понатаму може да се случи да го загубите својот телефон, сепак можете да бидете мирни знаејќи дека е безбеден.

Оваа содржина првично беше објавена во Bustle на 22 декември 2022. За повеќе информации кликнете тука.

 

¹ Samsung во соработка со компанијата Bustle Digital Group BDG го спроведе ова онлајн истражување во ноември и декември 2022 на 1000 американски граѓани на возраст меѓу 28 – 25 години.

 

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телевизори, преносливи уреди, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на news.samsung.com.