Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, збуни многу луѓе со неодамнешните необични објави на Фејсбук.
На Фејсбук профилот на Цукерберг се појави објава со еден куп броеви: „1140648592060760981“.
После тоа, тој наводно се огласил во коментарите, со молба: „следете ме, ве молам“ (follow me please).
Yo did Mark Zuckerberg just get hacked on FB pic.twitter.com/DReSUrFi6A
— digital_chadvertising🍪 (@digi_chad42069) May 31, 2023
Оттогаш и двете пораки се избришани од Фејсбук и може да се најдат во објавите на луѓето на Твитер.
Засега не се знае за што се работи. Дали Цукерберг ги тролаше своите следбеници на Фејсбук или можеби неговиот профил бил хакиран, како што сугерираа многу корисници.
Многумина сметаат дека најавите имаат врска со претставувањето на уредот за виртуелна реалност Quest 3, кој би можел да биде прикажан наскоро.