Постарите луѓе четири пати повеќе споделуваат лажни вести на социјалната мрежа Facebook во однос на помладите генерации, покажа истражувањето објавено во магазинот Science.

Во просек, Американците постари од 65 години, на Facebook споделуваат речиси седум пати повеќе лажни вести во однос на младите луѓе на возраст помеѓу 18 и 29 години. Ова го покажа истражувањето на Универзитетот Њујорк и Принстон. Сепак, споделувањето на лажните содржини е релативно ретка активност.

Истражувачите ја анализирале активноста на 1750 возрасни Американци на Facebook и ги споредиле линковите кои ги споделувале со листата објавувачи на лажни вести. Востановиле дека поголем дел од корисниците на Facebook не споделувале текстови од домените со лажни вести во 2016, само 8,5 проценти корисници споделиле најмалку еден линк од домените како што се denverguardian.com, truepundit.com или donaldtrumpnews.co. Овие страници и уште 18 слични се на листата на оние кои објавуваат лажни вести.

Оние кои споделувале линкови од 21 домени наклонети кон американскиот претседател Доналд Трамп покажуваат јасни демографски разлики. Речиси еден од пет (18 проценти) корисници Републиканци споделиле најмалку еден линк од страниците со лажни вести во споредба со помалку од 4 отсто Демократи кои го направиле тоа. Колку корисникот е поконзеравтивен, споделува повеќе вести, а тоа се објаснува со фактот дека лажните вести воглавно биле оние кои се пишувале во корист на Трамо и со тенденција корисниците да споделуваат текстови со кои се согласуваат.

Оние кои генерално споделувале најмногу содржини, најмалку делеле лажни вести, што покажува дека проблемот не е само во тоа што луѓето делат баш се. Оние кои споделуваат многу линкови се всушност подобро запознаени со медиумите и способвни се да ја разликуваат вистината од лагите на интернет.