WhatsApp е една од најпопуларните апликации за остварување видео повици и нуди прилично солидна листа на функции, но неговите корисници не можат да го споделат екранот на нивните уреди со луѓето со кои разговараат. Сепак, и тоа ќе се промени.
WEBetainfo пишува дека функцијата за споделување екран при видео повици наскоро доаѓа кај корисниците, а се активира кога корисникот ќе допре нова икона во менито за контрола на повици.
„WhatsApp ќе има пристап до сите информации што се видливи на вашиот екран или што се прикажуваат на уредот за време на снимањето или емитувањето. Тоа вклучува информации како што се лозинки, детали за плаќање, фотографии, пораки и аудио што се емитуваат“, се вели во предупредувањето што ја придружува новата функција.
На овој начин WhatsApp се израмнува со Zoom и Microsoft Teams кои веќе ја имаат споменатата функција.
Споделувањето на екранот е корисно во ситуации како што се презентации за време на работни состаноци, но може да се користи за техничка поддршка, како и за заемна помош помеѓу членовите на семејството.
Поврзани артикли