Google објави нова верзија на својата Gboard тастатура Android уредите. Како што е и очекувано, најновата надградба донесува поддршка за нови јазици, но апликацијата имплементира и неколку нови функции и подобрувања.

Најпрвин, Google додаде поддршка за 16 нови (помалку познати) јазици. Покрај ова, Gboard сега им овозможува на корисници да креираат сопствени GIF-ови користејќи ја камерата на телефонот, како и веднаш да ги поделат со пријателите. Ажурирањето, исто така, додава и стикер галерија која содржи повеќе од 500 нови стикери.

Потребно е да се напомене дека оние кои ја користат бета верзијата на Gboard апликацијата добиваат и помала измена за US English тастатурата, која ќе создава автоматско растојание по знаците за интерпункција. Gboard апликација е можно да се преземе од Google Play Store.