Истражувачите на Trend Micro предупредуваат дека милиони уреди со Android ширум светот се заразени со малициозен софтвер пред да ја напуштат фабриката.
Во најголема мера се работи за евтини Android телефони, а меѓу уредите кои во себе носат „фирмвер“ (firmware) од производство се и телевизори, паметни часовници и други уреди.
Од аналитичката компанија велат дека производството на вакви уреди во голема мера е оставено на ОЕМ (производителите на оригинална опрема), што им овозможува на луѓето во процесот на производство да ги заразат производите со злонамерен код пред испораката.
Оваа инјекција на малициозен софтвер започна кога цената на фирмверот за мобилни телефони падна. Конкуренцијата помеѓу дистрибутерите на фирмверот стана толку голема што на крајот провајдерите не можеа да наплатат за нивниот производ.
Преку податоците од телеметрија, истражувачите процениле дека има милиони заразени уреди ширум светот, но дека повеќето од нив се во Југоисточна Азија и Источна Европа. Според статистичките податоци што ги пријавиле самите криминалци, ги има околу 8,9 милиони, наведува Trend Micro.
Тимот истражувачи потврди дека малициозниот софтвер бил пронајден во телефоните на најмалку 10 продавачи, но веројатно имало уште околу 40 погодени.
За оние кои сакаат да ги избегнат инфицираните мобилни телефони, би можеле да се заштитат на некој начин држејќи се до оние од високата класа. Со други зборови, ќе најдете лош фирмвер на поевтините уреди со Android, па на корисниците им се препорачува да се држат до поголемите брендови, како Samsung или Google, кои, според истражувачите, „релативно добро се грижеле за безбедноста на нивниот синџир на снабдување“.
Иако ова не е нужно гаранција за безбедност.