Ирскиот надзорник за приватност на податоци ја казни апликацијата WhatsApp со сума од 225 милиони евра за кршење на европските правила за приватност.

Одлуката беше објавена во четвртокот по истрагата која траеше три години. Покрај казната, на WhatsApp му е наложено и да ја подобри својата политика за заштита на податоците.

WhatsApp ја оцени одлуката како „целосно несразмерна“ и најави жалба.

Според ирските супервизори, компанијата „сериозно“ ги прекршила прописите за транспарентност кои датираат од 2018 година.

Во пресудата на 226 страници, комесарката Хелен Дикон наведува дека компанијата им обезбедила на своите корисници само 41% од потребните информации, со што им е одземена контролата врз содржината што ја споделуваат.

Прекршувањата зафатија голем број луѓе, поради што WhatsApp е должен да плати рекордна сума пари.