Претходно видовме како ќе изгледа новиот џојстик, а сега (можеби) знаеме и нешто повеќе…

Гласини на сите страни во последно време, посебно благодарение на одложувањата на настаните поради се уште активната пандемија на коронавирус.

Microsoft веќе на големо најавува претставување на игри и XBox Series X конзоли за месец мај, додека од друга страна гласините ги откриваат и потенцијалните планови на компанијата Sony. Благодарение на новинар од порталот VentureBeat кој има извори блиски до Јапонците, откриено е дека официјалното претставување на PlayStation 5 би можело да се одигра на 4 јуни.

Првично беше наведено дека премиерата ќе се одржи во мај, но можно е овие гласини да не се точни или датумот едноставно да бил променет. Новинарот попознат како Grubinator во минатото откри неколку информации кои подоцна биле утврдени како точни, но сепак многумина ги чекаат луѓето од PlayStation империјата конечно да проговорат.

Претставувањето на новата конзола веројатно ќе се случи откако ќе бидат објавени одредени ексклузиви во официјалниот магазин PlayStation кој треба да се појави кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Фотографијата која ја гледате, секако, не е потврдена, но се поклопува со некои претходни гласини за промената на изгледот на конзолата и секако е во склад со изгледот на контролерот, кому дизајнот значајно му е променет по две и пол децении.

Извор: Mondo.rs