На крајот на 2022 година во светот имало 5,4 милијарди претплатници на мобилни телефони, а до 2030 година ќе има околу 6,4 милијарди, проценува глобалното здружение на мобилната индустрија GSMA по повод одбележувањето 50 години од првиот мобилен телефонски повик.
Првиот мобилен телефонски повик бил направен на 3 април 1973 година од страна на инженерот и пронаоѓач Марти Купер, од улиците на Њујорк со помош на телефон тежок околу еден килограм и траење на батеријата од 25 минути.
Купер го нарекуваат татко на мобилниот телефон затоа што ја фокусирал својата пионерска работа со тим во Моторола на развојот на комерцијалниот мобилен телефон DynaTAC 8000X, во познатата форма на тули, десет години откако прототипот беше искористен за првиот повик. Тој телефон се продаваше за околу 4.000 долари.
Првиот мобилен телефон беше скап и не многу функционален, но уште тогаш се предвидуваше дека мобилната телефонија може да се развие до тој степен што еден ден секој ќе има мобилен телефон. Тоа го потврди постојаниот раст на мобилната индустрија и мрежите, како и развојот на мобилните уреди, кои веќе долго време не се само средство за разговор.
Во светот има повеќе од 8,4 милијарди SIM конекции, што го нагласува големото општествено влијание што го постигна мобилниот телефон. Тој е најкористениот уред за потрошувачка електроника во историјата и веќе имаме повеќе мобилни телефони отколку луѓе во светот.
Поврзани артикли