Samsung ја лансираше серијата Galaxy S24 со различни функции на вештачка интелигенција, односно Galaxy AI. Сега знаеме и кои други телефони ќе ги добијат.

Како што изјави корејскиот гигант за Android Authority, многу од функциите за вештачка интелигенција претставени во серијата Galaxy S24 ќе се најдат и на постарите телефони.

„Овие функции ќе бидат поддржани и на претходните модели, вклучувајќи ги серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold 5 и Flip 5 и серијата Galaxy Tab S9 во првата половина на 2024 година“, соопшти Samsung.

Изјавата на компанијата потврдува две работи: прво, сега знаеме дека Galaxy AI нема да остане ексклузивен за линијата Galaxy S24, туку ќе биде достапен и на други уреди.

Второ, Samsung потврди дека гореспоменатите уреди се првите кои го добиле ажурирањето на One UI 6.1 во првата половина од оваа година.

Единственото нешто што сè уште не го знаеме е точно кои карактеристики на Galaxy AI ќе стигнат до овие модели.