Сè поголем број членови на генерацијата Z се грижат за времето поминато пред екраните, а во тоа помагаат телефоните кои не доаѓаат со пристап до современите социјални мрежи.

„Глупавите телефони“, без напреден софтвер и пристап до социјалните мрежи, се сè попопуларни меѓу младите Американци, пишува CNBC.

Компаниите како HMD Global, сопственикот на брендот Nokia, продолжуваат да продаваат милиони мобилни уреди слични на оние што ги користевме во раните 2000-ти, вклучително и „винтиџ“ дизајни како школки или оние со екрани на извлекување – кои имаат некои нови функции вградени во нив, како GPS или интернет хотспот.

„Верувам дека дел од популацијата на Gen Z веќе нема нерви за големите екрани“, рече Хозе Брион, инфлуенсер за „глупавиот телефон“ и модератор на подредитот „r/dumbphones“. „Тие го наоѓаат решението за нарушеното ментално здравје во ваквите намалувања“.

HMD Global продаде десетици илјади телефони на преклопување во САД во 2022 година, додека на глобално ниво тој број падна. Во текот на истата година, речиси 80 отсто од продадените телефони од овој тип завршиле на пазарот на Блискиот Исток, Африка и Индија, пишува Counterpoint Research.

Пазарот на „глупави“ телефони во САД е релативно мал, но во наредните години би можел да забележи постепен раст од пет проценти годишно. Во првите редови на трендот се компаниите како Punkt и Light, кои продаваат уреди наменети за оние кои сакаат да поминуваат помалку време на телефони и социјалните мрежи.