Електричното спортско купе пристигнува на патиштата во 2025 година.

Откако најави уште поголем ангажман во понудата на премиум модели, Mercedes го претстави концептот кој навестува како ќе изгледа новиот електричен модел. Vision AMG дефинитивно доаѓа како потенцијален ривал на Porsche Taycan.

Mercedes Vision ќе ја користи новата механичка платформа AMG.EA, која се уште е во развој. Плановите се јасни, а тоа е дека првиот електричен модел со високи перформанси ќе пристигне на патиштата во 2025 година.

„Vision AMG демонстрира спектакуларен стил и покажува дека електрификацијата може да изгледа одлично во палетата на Mercedes-AMG, додека ја задржува препознатливата естетика на марката“, изјави извршниот директор на AMG, Филип Шајмер.

Autocar дознава дека новиот модел ќе го задржи овој концепт купе-лимузина. Исто така, стоп светлата, кои се чини дека имитираат издувни цевки, лесно би можеле да влезат во сериско производство.

Со должина од 5,1 метри, Vision AMG е дури малку подолг од Mercedes-AMG GT со 4 врати, но и околу 15 сантиметри подолг од гореспоменатиот Porsche Taycan.