Дека iPhone е популарен меѓу корисниците, докажуваат и најновите податоци на Counterpoint Research, кои наведуваат дека Apple има големо мнозинство на листата на Топ 10 најпродавани телефони во 2022 година.
Counterpoint Research објави листа на Топ 10 најпродавани телефони во 2022 година, на која очигледно доминира Apple. Поконкретно, iPhone зазеде дури осум места на таа листа, а другите две ги држат најевтините модели на Samsung, Galaxy A13 и Galaxy A03.
Имено, iPhone 13 го зазеде првото место со околу пет проценти од вкупната продажба на телефони ширум светот и 28 проценти од вкупната продажба на iPhone. Покрај тоа, Counterpoint Research наведува дека телефонот бил најпродаван во САД, Велика Британија, Кина, Германија и Франција во периодот од септември 2021 до август 2022 година.
На второ место е iPhone 13 Pro Max со 2,8 отсто од вкупната глобална продажба на телефони, следен од iPhone 14 Pro Max со 1,7 отсто.
„Продажбата на телефоните iPhone 14 Pro Max беше предводена од раните корисници и оние кои ја надградија на повисока верзија на iPhone. Големите подобрувања во серијата iPhone 14 Pro, како што се Dynamic Island и побрзиот процесор, ја прават попривлечна бидејќи основниот модел е речиси идентичен со оној од претходната година“, забележува Counterpoint Research.
На четврто место со 1,6 отсто удел се најде Galaxy A13, телефонот од пониска класа на Samsung, кој е популарен меѓу клиентите пред се поради неговата цена и лесната достапност. Петтото место го зазеде iPhone 13 Pro, а потоа следат iPhone 12, iPhone 14, iPhone 14 Pro и iPhone SE 2022. Galaxy A03 ја завршува листата на топ 10 најпродавани телефони.
Членовите на генерацијата Z во голема мера придонесуваат за вкупната продажба на iPhone-и. Како што неодамна беше објавено, 34 проценти од сите корисници на iPhone во САД припаѓаат на „zoom-ерите“. Сличен тренд е забележлив и во другите делови на светот, вклучително и во Европа.
Поврзани артикли