Пред 15 месеци, Microsoft го објави Windows 10 Insider Preview, кој тогаш беше познат како 20H1. Сега оваа верзија на софтверот, под името Windows 10 May 2020 Update (позната и како верзија 2004) им е достапна на сите.

Постојат неколку начини на кои е можно да се добие ова ажурирање. Првиот е преку
Windows Update. По проверката на ажурирањето, ќе видите линк кој го нуди Windows 10 May 2020 Update, или Windows 10 version 2004. Со клик на линкот почнува процесот на инсталирањето. Доколку не го видите овој линк, постојат уште два други процеси: Можно е да се отиде на овој сајт и да се кликне на Update now, или можно е да се искористи вториот линк на страницата за стартување на Media Creation Tool.

Windows 10 May 2020 Update имплементира бројни нови функции. Windows Subsystem за Linux 2 дебитира со оваа верзија на платформата, а тоа значи дека конкретниот Linux кернел се испорачува со Windows за прв пат. Ова ќе овозможи да се покрене GUI и GPU поддршка.

Тука е и новата Cortana апликација, која повеќе нема да биде поврзана за таскбарот. Апликацијата доби нови функции поврзани со конверзацијата, а Microsofr вети подобрувања за мејл и календар.