Мета претходно се обиде да ја отфрли тужбата, тврдејќи дека Neural Magic не ги штити своите алгоритми, но судот не се согласи.
Мета ќе се најде на обвинителна клупа откако компанијата Neural Magic ја обвини за кражба на револуционерни алгоритми кои им овозможуваат на системите со вештачка интелигенција да обработуваат информации побрзо од порано.
Иако Мета од судот побараа да ги отфрли обвиненијата, окружниот судија Дениз Каспар заклучи дека има доволно докази за судењето да се одржи. На прелиминарното рочиште пред судот сведочеше експерт кој процени дека Мета и должи на Neural Magic до 766 милиони долари за неплатени надокнади.
Компанијата Neural Magic е основана од двајца поранешни истражувачи од „Massachusetts Institute of Technology“, а тие поднесоа тужба против Мета во 2020 година. Во таа тужба беше наведено дека тогашниот Фејсбук (сега Мета) украл алгоритми кои им овозможуваат на поедноставните компјутери да извршуваат сложени математички пресметки многу поефикасно од порано и на тој начин овозможуваат користење на многу поголеми групи податоци.
Компјутерскиот научник Александар Златески, кој работел во Neural Magic, отишол во Мета и ги „понел со себе“ алгоритмите што го сочинуваат јадрото на технологијата развиена од Neural Magic, велат обвинителите. Мета, како што велат, потоа ги објави тие алгоритми на сајтот со отворен код, GitHub и јавно му се заблагодари на Златески за „решавањето на клучниот проблем што му овозможува на Facebook да продолжи да напредува во светот на вештачката интелигенција“.
Мета претходно побара отфрлање на тужбата, со образложение дека Neural Magic не ги заштитил своите алгоритми, па Златески не ги собирал неовластено. Но, судот не се согласи со тоа тврдење и одлучи целиот случај да се решава на судењето кое треба да започне во септември.
Поврзани артикли