WhatsApp наскоро ќе им овозможи на корисниците да ги исклучуваат повиците од непознати броеви.

Популарната апликација WhatsApp минатата година воведе функција наречена „Communities“ за да им овозможи на корисниците побрзо да допрат до поголема група луѓе.

Иако ова е корисна функција, ја отвори вратата за зголемен број спам повици или повици од непознати броеви, што беше фрустрирачко за корисниците.

WhatsApp очигледно е свесен за ситуацијата и наскоро ќе им овозможи на корисниците да ги исклучуваат повиците од непознати броеви во апликацијата.

Способноста да се „замолчат“ повиците од непознати броеви на WhatsApp се очекува во наредните месеци за сите корисници.

Според WABetaInfo, WhatsApp ќе ви овозможи да ги „замолчите“ повиците од непознати броеви, но ќе продолжи да ги прикажува во списокот со повици и центарот за известувања.

На овој начин, корисникот нема да биде целосно несвесен кој се обидел да му се јави или да му пречи.

Функцијата за исклучување на опцијата за повици од непознат број се уште е во развојна фаза и не се знае точно кога ќе биде достапна за сите корисници.