AdDuplex го објави својот месечен извештај со статистика за користење на Windows 10 платформата, а се однесува на март. Извештајот се потпира на податоците собрани од повеќе од 5.000 апликации на Microsoft Store, кои користат AdDuplex SDK v.2 или понова верзија. Тестирани се околу 80 000 компјутери, а податоците се собрани заклучно со 26 март.

Испораката на најактуелната варијанта на Windows 10, верзијата 20H2, значително се забрза во последниот месец. Оваа верзија сега се наоѓа на 29,9 проценти од PC уредите, што е скок во однос на 20 проценти од февруари. Windows 10 20H2 сега е втора верзија која најмногу се користи.

На прво место и натаму е верзијата 2004, која според најновиот извештај се наоѓа на 42,1 проценти од Windows 10 компјутерите, што е помал пораст во споредба со февруари (41,8%). Најголем пад имаше November 2019 Update (или верзија 1909). Оваа верзија на Windows минатиот месец имаше удел од 26,8 проценти, а во текот на март забележа пад на 18,4 проценти.

Оваа пониска стапка на прифаќање на верзиите 1909 и 20H2, во однос на 2004 година, може да се припише на фактот дека станува збор за верзии кои се фокусираат на исправки и мали подобрувања, додека 2004 верзијата имплементира повеќе нови функции и измени.