Нокиа неодамна ги објави плановите за промена на идентитетот на брендот за прв пат по речиси 60 години, заедно со ново лого, бидејќи производителот на телекомуникациска опрема се фокусира на агресивен раст.
Новото лого се состои од пет различни форми кои го создаваат зборот NOKIA. Култното сино на старото лого е отфрлено во корист на опсегот на бои во зависност од употребата.
„Имаше врска со паметните телефони, а денес ние сме компанија за деловна технологија“, изјави извршниот директор на компанијата Пека Лундмарк во интервју за Ројтерс.
This is Nokia, but not as the world has seen us before. Our new brand signals who Nokia is today. We’re unleashing the exponential potential of networks and their power to help reshape the way we all live and work. https://t.co/lbKLfaL2OI #NewNokia pic.twitter.com/VAgVo8p6nG
— Nokia (@nokia) February 26, 2023
Откако го презеде кормилото на финската компанија во 2020 година, Лундмарк претстави стратегија во три фази: ресетирање, забрзување и зголемување. Со фазата на ресетирање сега завршена, Лундмарк рече дека започнува втората фаза.
Додека Nokia сè уште има за цел да го развие својот бизнис со даватели на услуги, во кој продава опрема на телекомуникациски компании, нејзиниот главен фокус сега е продажба на опрема на други компании.
Nokia changes iconic logo to signal strategy shift https://t.co/bQFGwJniCJ pic.twitter.com/aU54AgZxGF
— Reuters (@Reuters) February 26, 2023
Големите технолошки компании соработуваа со производители на телекомуникациска опрема, како што е Нокиа, за да им продаваат приватни 5G мрежи и опрема за автоматизирани фабрики на клиентите, главно во производниот сектор.
Фокусот на Nokia на фабричката автоматизација и центрите за податоци, исто така, ќе ја доведе во конфликт со големите технолошки компании како Microsoft и Amazon.