Анализата на истражувачката компанија „Strategy Analytics“ покажува дека извештаите за приходите од вториот квартал го откриваат новото рангирање на најголемите производители на овие производи, а „Xiaomi“ за прв пат излегува на врвот.

Општо земено според извештајот на „Strategy Analytics“ глобалните испораки достигнуваат 21,6 милиони примероци во вториот квартал од 2017-та година, имајќи предвид раст од 8 отсто од 20 милиони уреди пред една година. Силната побарувачка на фитнес нараквици од најниската ценовна категорија во Кина и на премиум паметните часовници во САД го промовира пазарот.

Во тоа време пред година „Fitbit“ го зацврсти првото место со удел од околу 29% од светскиот пазар. „Xiaomi“ и „Apple“ беа по неа односно со 15 и 9%. Само за една година, сепак пазарниот удел на „Fitbit“ опаѓа до помалку од 16%, додека „Xiaomi“ контролира веќе над 17%.

Заедно со намалениот удел на пазарот, „Fitbit“ исто така се соочува со тужби и порано оваа година ослободи 110 вработени, за да ги намали трошоците. Проектот за паметен часовник исто така не се развива воопшто добро.

Додека „Fitbit“ страда, „Xiaomi“ од ценовна гледна точка со својот конкурентен спектар на фитнес носиви уреди се развива се подобро. А „Apple“ тргна по друг пат, така што произведува еден главен производ со повеќе функции и се справува многу добро во овогодинешниот прв квартал, надминувајќи ги „Fitbit“ и „Xiaomi“. Компанијата од Купертино може дури да го поврати водството откако „Apple Watch Series 3“ ќе биде пуштен на пазарот.

„Засега „Apple“ ги загуби водечките позиции за сметка на „Xiaomi“ поради недостатокот на присуство во значајната поткатегорија. Сепак евентуалниот претстоен старт на продажбата на „Watch Series 3“ со напредно следење на здравствената состојба може да и овозможи на „Apple“ да се опорави и повторно да ја заземе лидерската позиција во оваа година“, вели директорот на „Strategy Analytics“, Клиф Раскинд во соопштението.