Apple наводно повторно работи на следната генерација на телефонот iPhone SE.

Според аналитичарот Минг-чи Куо, и покрај претходните извештаи дека Apple ја откажал работата на телефонот iPhone SE 4, се чини дека компанијата сепак го ресетирала проектот.

Куо истакнува дека iPhone SE 4 ќе има OLED дисплеј, кој за прв пат ќе биде имплементиран во буџетската телефонска линија на компанијата, како и 5G модем дизајниран од Apple.

Аналитичарот предвидува дека телефонот ќе биде повеќе или помалку модификација на моделот iPhone 14 од 6,1 инчи и дека би требало да се произведува на почетокот на 2024 година.

Не е познато дали ќе користи некои од премиум функциите од моделот iPhone 14, како што се Emergency SOS преку сателит, Face ID и систем со двојна камера со ноќен режим. iPhone SE од третата генерација ги немаше сите споменати функции.

Интересно, новиот извештај е сосема спротивен од она што Куо го објави во јануари, кога истакна дека iPhone SE 4 е одложен и дека Apple ќе користи Qualcomm чипови за iPhone 15 и 16.