Мета минатиот месец објави дека ќе ги врати Фејсбук и Инстаграм профилите на Трамп, а сега тоа конечно се случи.

Компанијата Meta Platforms Inc. го врати Фејсбук профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, по двегодишната суспензија по смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Мета минатиот месец објави дека ќе ги врати профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм.

Во изјавата кон крајот на јануари, Ник Клег, претседателот на Мета за глобални прашања, рече дека „јавноста треба да има опција да слушне што велат политичарите“.

Клег рече дека 45-тиот американски претседател „значително се повлече во своите настапи“ откако беше блокиран.

Трамп е суспендиран на неодредено време од Фејсбук и Инстаграм, по немирите во Капитол во 2021 година.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, тогаш изјави дека се плаши од можноста Трамп со својата реторика да предизвика ново насилство.

На Трамп претходно му беше дозволено да се врати на својот омилен Твитер откако мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.