Креаторите на насловите на The Sims објавија дека се додадени трансродни опции за да се прилагоди полот во играта.
Видео играта доби еден куп бесплатни ажурирања за да се осигура дека секој играч ширум светот може да создаде симулација базирана на луѓе од реалниот свет.
„Пристигна ажурирање на основната игра со нова содржина, вклучувајќи медицински материјали, облека за обликување на телото, прекинувач за светло и поправени грешки“, објавија тие на Инстаграм.
A base game update is here with new content including medical wearables, binders, shapewear, a light switch & more including bug fixes & console gameplay improvements 🥳💚
Read more about today’s update in the latest patch notes! https://t.co/4c4vZdfWBY pic.twitter.com/GYbQYijIIm
— The Sims (@TheSims) January 31, 2023
Имено, новата надградба на играта ви овозможува на вашиот Sim да му дадете хируршки лузни, поточно оние кои ги имаат транс мажите кога прават мастектомија. Од медицински помагала, додадени се слушни помагала и мерачи на гликоза, кои доаѓаат во разни бои.
Љубителите на играта со ентузијазам ја дочекаа оваа вест. Коментарите под објавата на официјалната страница на Инстаграм The Sims се полни со пофалби.
„О Боже, ти благодарам“; „Како некој кој има лузни, многу сум среќен што сега можам да ги ставам на мојот Sims“; „Како небинарна личност, која ја игра оваа игра веќе 14 години, ова ми значи многу и се чувствувам виден“; „Го истурив кафето кога го видов ова“: „Сега пак нон-стоп ќе играм The Sims“, се дел од коментарите.