Студијата на Универзитетот Плимут покажа дека верификацијата на одeњето вградена во паметните телефони, може да биде одличен зачин за заштита на мобилните уреди.

Во светот, повеќе од 6,3 милијарди луѓе користат паметни телефони. Иако постојат механизмите за автентикација – како лозинки, PIN-ови и биометрика – студиите покажаа дека степенот на безбедност и употребливост на таквите пристапи значително се разликува.

Новото истражување, спроведено на Универзитетот во Плимут, покажа дека верификацијата на одот може да биде одржливо средство за заштита на паметните телефони и другите мобилни уреди од сајбер криминал.

Студијата на Универзитетскиот центар за сајбер безбедност, комуникации и мрежни истражувања, објавена во Computers & Security, илустрира дека – во соодветна рамка – препознавањето на одот може да биде остварлива техника за заштита на поединците и нивните податоци од потенцијален криминал.

Имено, како што покажало истражувањето, системот го препознал одот на поединците во 85% од случаите, при што тој број се искачувал на речиси 90% кога оделе со нормална брзина или брзо.

Оваа студија се надоврзува на претходната работа, преку евалуација на мулти-алгоритамски систем за препознавање на одот, и е прва што ја примени користејќи податоци од реалниот свет. Податоците беа собрани во текот на седум до десет дена со помош на жироскоп и акцелерометар, а секој учесник во студијата генерирал во просек 4.000 примероци на активности, од нормално и брзо одење до качување и симнување по скали.

„Верификацијата со проверка на одот се појави како ненаметлив начин за собирање на потребната количина на лични податоци, но досега сите тестови се одвиваа во контролирана средина. Самото препознавање на одот не е совршено решение, но може да помогне во заштитата на корисниците“, рече Нејтан Кларк, професор по сајбер безбедност и дигитална форензика на Универзитетот Плејмут.

Потврдувањето на автентичноста на сопственикот на мобилниот уред преку начинот на одење може да помогне во ситуации на кражба на уредот или заштита на податоците со блокирање на работата доколку уредот го користи некој друг освен сопственикот, велат истражувачите за сајбер безбедност.

Извор: B92.net