Наскоро на пазарот треба да се појави брендиран смартфон Coca-Cola.

Станува збор за уред кој би можел да биде вклучен во листата на „чудни мобилни телефони од неочекувани брендови“ бидејќи Coca-Cola се подготвува да спроведе ново партнерство со постоечки производител или бренд.

Рендерот на мобилниот телефон Coca-Cola брзо се прошири на социјалните мрежи, уредот е со црвена боја и го содржи логото на компанијата на задниот панел, а видливи се и две камери и LED блиц.

Се шпекулира дека всушност станува збор за ребрендиран уред од серијата Realme 10 или поточно основниот модел Realme 10.

Исто така, се наведува дека овој модел наскоро ќе се појави во Индија, додека нема информации за можна достапност на другите пазари.