Официјалниот канал на Јутјуб на телескопот Субару, управуван од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија, сподели видео на кое се гледа мистериозен вртлог на светлина во форма на спирала што накратко се појавува на ноќното небо над Мауна Кеа на Хаваите.

„Навистина необична глетка! Некаква идеја што е тоа? Нашите воодушевени гледачи го открија овој редок настан. Видеото е од нашата камера Субару-Асахи СТАР, заеднички управувана од NAOJ (Субару телескоп) и Асахи Шимбун (јапонска новинска компанија)“ се вели во објавата на Јутјуб.

Според Националната астрономска опсерваторија на Јапонија (NAOJ), се покажа дека зашеметувачката спирала се состои од замрзнато ракетно гориво исфрлено за време на лансирањето на ракетата SpaceX.

Интернет корисниците брзо реагираа на видеото. Тие биле заинтригирани од мистериозната летечка спирала и барале објаснување. Некои корисници дури правеа шеги за „вонземјаните“ и вселенските бродови.

„ОМГ, Андромеда пристигна 4 милијарди години порано!! напиша еден корисник. „Еј Илон Маск, дали си ова ти или вонземјани? , коментира друг.

Како што објави Space.com, лансирањето на SpaceX беше ракета Falcon 9 која полетала од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида на 18 јануари. Во извештајот се споменува и дека вакви спирали биле забележани и во минатото. Обично се појавува како горната фаза на Falcon 9 кога исфрла вишок гориво.