За прв пат во историјата на Олимписките игри, како “асистенти“ на големиот спортски настан, што ќе се одржи следната година, ќе бидат вклучени и роботи.

Роботите коишто ќе бидат произведени од Toyota ќе служат како помагачи на работниците, но и на учесниците во Олимписките и Параолимписките игри, објави порталот Dezeen.

Јапонскиот производител ќе обезбеди и 16 роботи коишто ќе носат храна и пијалак на трибините, ќе им помагаат на гледачите да си го најдат своето место за седење и ќе информираат во врска со спортскиот настан.

Олимписките игри ќе вклучат роботи за асистенција на луѓето, но и за транспорт. Роботите ќе можат да креваат опрема и останати реквизити и да прикажуваат информации на екрани.

Ќе има и такви што ќе им помагаа на корисниците на инвалидски колички, односно ќе ги носат нивните торби и слично. Специјални “помагачи“ ќе бидат носени од страна на работници на аеродромите, со цел полесно да го траспортираат багажот и опремата на учесниците од авион во автобуси.

Извор: Dezeen