Додека користиме различни социјални мрежи, апликации и уреди секој ден, не ни помислуваме дека – не толку одамна – тие не ни постоеле.
Со сигурност можеме да кажеме дека тектонските промени кои се случуваат со децении доведоа до технолошки промени во светот.
Пред околу 20 години започна масовното ширење на компјутерите и интернетот. Во тоа време, луѓето најмногу имаа на располагање компјутери со исклучително слаби карактеристики кои можеа да ги користат за извршување на основните задачи. Интересно е што голем број од тие компјутери сè уште имаа прегради за дискети – некои постари генерации знаат за што се работи.
Како што започна ширењето на компјутерите, со тоа доаѓа и развојот на некои нови можности што тие, во нивниот систем, можат да им ги понудат на корисниците.
Things that didn’t exist 20 years ago:
YouTube
TikTok
Gmail
Netflix streaming
Messenger
Google Maps
iPhone
Android
Bitcoin
Tesla
iPad
Chrome
Zoom
Skype
Amazon Prime
Slack
Etsy
Snapchat
Spotify
Airbnb
Uber— World of Statistics (@stats_feed) January 1, 2023
Некои од првите апликации кои се појавија на почетокот на 2000-тите, денес паднаа во заборав; тие беа заменети со понови кои се многу поедноставни за употреба. Како и да е, некои апликации активно ја одржуваат својата популарност и застапеност, па и по повеќе од две децении постоење, тие се присутни и во секојдневна употреба станаа задолжителни.
Додека некои од нас го започнуваат денот слушајќи музика на YouTube на нашиот Apple или Android уред, скролувајќи низ приказни на Instagram, читајќи пораки на Whatsapp или Viber или проверувајќи го нашето сандаче, целосно го игнорираме фактот дека нашите пријатели, познаници, родители – и дури и самите себе – пред 20 години имавме сосема различни секојдневни навики.
Исто така, пред две децении не можевме да разменуваме мислења или да „ретвитаме“ истомисленици на Твитер, танцувањето беше популарно дури и без снимање на TikTok, за ТВ серии или филмови чекавме одредено време на телевизија бидејќи Netflix не постои, и бевме принудени да најдеме нови места во градот или да го снајдеме на непозната локација без Google Maps.
Факт е дека новите технологии многу го олеснија животот, во смисла на полесна и побрза комуникација, информации и донекаде образование – но истражувањата покажуваат дека тие создале и бројни бариери.
Сепак, останува прашањето, какви вести не очекуваат во иднина и каква рекапитулација ќе можеме да направиме во следните 20 години?