Синергијата на накит и гаџети од различни видови не е ништо ново, но најновите слушалки од компанијата Nova Audio носат и некои нови технологии.
Компанијата Nova Audio на пазарот понуди слушалки скриени во бисерни обетки. Нивниот гаџет доаѓа на пазарот под името H1 Audio Earrings и тие работат на малку необичен начин.
Аудио обетките H1 имаат копче и може да се користат на вообичаеното место или на горниот дел од увото. Покрај вистинските бисери, слушалките имаат и два вградени звучници, кои користат насочен пренос на звук до ушите.
Nova Audio вели дека технологијата додава „слој на звук“ во вашата околина, овозможувајќи ви да слушате што се случува околу вас додека уживате во звукот од вашите слушалки.
И покрај тоа што звучниците остануваат надвор од увото, Nova Audio вели дека неговата технологија за насочен звук ги спречува другите луѓе да го слушаат она што го слушате.
Аудио обетките нудат до 3,5 часа репродукција на музика или 2,5 часа време за разговор со помош на четирите вградени микрофони.
Вклучената футрола за полнење, која изгледа како елегантна кутија за обетки, овозможува до три полнења, за вкупно околу 14 часа слушање. На обетките има и вградено копче кое ви овозможува да ја контролирате репродукцијата и телефонските повици.
Аудио обетките доаѓаат во златна и сребрена боја по цена од 695 односно 595 евра.