Извршниот директор на компанијата Realme, Madhav Sheth објави нова тизер фотографија од претстојниот паметен часовник Realme Watch S Pro. Носечкиот уред ќе биде официјално претставен на 23. декември.

Неколку пати досега беше навестуван Realme Watch S Pro, а се очекува дека часовникот ќе има кружен AMOLED дисплеј од 1,39 инчи, способен за Always On display функцијата. Куќиштето на уредот ќе биде изработено од нерѓосувачки челик.

Watch S Pro ќе може да се полни за неколку часа, а со едно полнење нуди до две недели работа. Ќе постојат 15 режими за следење на спортските параметри, а тука е и двојниот GPS за попрецизно следење.

Се очекува дека паметниот часовник ќе има и сензор кој ги мери отчукувањата на срцето, SP02, 5ATM сертификат за водоотпорност и многу повеќе.