Pinterest ќе стане првата технолошка компанија што ги забранува сите реклами за слабеење на својата платформа, забранувајќи ги рекламите со пораки и фотографии за слабеење, со цел да се намали големиот број на штетни пораки на платформите на социјалните медиуми.

Оваа политика е развиена со американското Национално здружение за нарушување во исхраната и особено ќе ги забрани пораките или фотографиите поврзани со слабеење, сведочења поврзани со губење во тежината, реклами кои идеализираат одредени типови на телото, производи кои тврдат дека губењето килограми може да биде постигнато со нанесување препарати на кожата и слично.

Промената на политиката на компанијата не се однесува на корисничките профили кои имаат милиони следачи, а кои промовираат слаби луѓе, слабеење, тајни за слабеење и слично.

Потегот доаѓа откако компанијата откри дека корисниците повеќе пребаруваат „телесна неутралност“, „цитати за здраво размислување“ и „престанување со исмејување на одредени облици на телото“.

Бројот на пребарување за „уметност и илустрации за љубов кон себеси“ е зголемен за 63 пати.

„Pinterest е важен за давање инспирација. Критичниот дел од тој процес на откривање е создавањето сигурен простор за корисниците да се изразат, поради што сме горди што воведовме забрана за сите реклами за слабеење, диети и исмејување на изгледот на телото“, вели Аја Канаи, одговорна за содржини на Pinterest.

Извор: Klix.ba