Компанијата Sony продаде повеќе од 30 милиони PS5 конзоли ширум светот, и покрај недостигот на чипови и други проблеми.
Две години по објавувањето, глобалниот недостиг на конзолата PlayStation 5 официјално заврши. Ова го изјави Џим Рајан, претседател на Sony Interactive Entertainment за време на неодамна одржаниот саем CES.
„Залихата на конзолите PS5 се подобри кон крајот на минатата година. Задоволство ми е да споделам со вас дека декември беше најдобриот месец за продажба на PS5 и испорачавме повеќе од 30 милиони конзоли до потрошувачите ширум светот“, рече Рајан.
Тој истакна дека на секој што сака да купи PlayStation 5 сега би требало многу полесно да ја најде конзолата во малопродажба на глобално ниво.
PlayStation 5 беше објавен во ноември 2020 година, и покрај глобалната пандемија и проблемите со залихите што индустријата ги имаше потоа. Сепак, многу гејмери имаа големи проблеми да најдат PS5 во слободна продажба во последните две години.
Од друга страна, Sony објави дека редизајнираната услуга PlayStation Plus изгубила речиси два милиони претплатници од ноември.