Slack отсекогаш пробуваше својата мобилна апликација да ја ископира од десктоп, за да има еден почетен екран, потпирајќи се на навигација со еден прст и несфатливи менија. Изгледа дека конечно дојде крајот на тоа, бидејќи во нивната надградена верзија на апликацијата за Android пристигнуваат многу подобрувања.

Новото ажурирање за Slack претставува поедноставен и поорганизиран кориснички интерфејс со големи промени кога е во прашање визуелниот приказ. Најголемата нова функција е навигациската лента на дното на апликацијата, која сега лесно овозможува лесно да преоѓате на различните делови на апликацијата, без поместување на прстот.

Лентата вклучува почетен екран за поставување на сите ваши канали, а оттаму можете да се префрлате и на другите работни простори, како и на последниот канал што сте го гледале. Тука е и наменскиот DM за пристап до приватните пораки, но и крајната икона на десната страна каде се наоѓа вашиот профил. Сето ова се смета за големо подобрување во однос на претходната верзија на Slack на Android.

Со други зборови, Slack сега би требало да биде многу побрз и полесен за употреба од сегашниот, во однос на тоа како функционираше досега. Најновата бета верзија можете да ја пробате со преземање преку Play Store.