Honor сака да го прошири своето портфолио производи, за подобро да се избори со последиците настанати сред пандемијата со коронавирус. Од кинескиот бренд веќе имавме да видиме различни фитнес нараквици, TWS слушалки, но и нов лаптоп.

Сега компанијата планира да претстави нови производи, во рамки на настанот кој ќе биде одржан на 18. мај. Ова ќе биде дел од глобалната 1+8+N стратегија на Honor, која компанијата би требало да ја позиционира на мапата како еден од позначајните IoT производители.

Новите производи вклучуваат телевизор под името Honor Vision Pro. Се очекува и Honor MagicBook Pro – лаптоп кој ќе биде помоќен од MagicBook 14 и MagicBook 15.6 моделите. Лаптопот би можел да има Core i7-10510U чип, Nvidia GeForce MX250 GPU и 2GB RAM.