Razer најави рачна конзола, која ја краси одличен хардвер, а ќе се најде во продажба до крајот на месецот.
Компанијата Razer е позната по своите гејмерски уреди, а сега компанијата и официјално го објави почетокот на продажбата на својата рачна гејмерска конзола.
Razer Edge беше претставен пред неколку месеци, а најпрво ќе се појави на пазарот во САД, каде што конзолата ќе биде достапна од 26 јануари.
The Razer Edge cloud gaming handheld will be available on January 26th https://t.co/jU8AwSf19W pic.twitter.com/FZo5QHlpaS
— Engadget (@engadget) January 5, 2023
Ќе има две верзии на конзолата. Поевтиниот модел ќе чини 399 долари и има поддршка за Wi-Fi, додека 5G верзијата на конзолата чини 599 долари. Верзијата со поддршка за 5G е создадена во партнерство со Verizon.
Кога станува збор за карактеристиките, Razer Edge има 6,8-инчен (2400 x 188 пиксели) AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 144 Hz. Уредот се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon G3x Gen 1.
Конзолата доаѓа со 8 GB RAM и 128 GB SSD: има слот за micro SD картичка за дополнително проширување на просторот за складирање. Сè се напојува со батерија од 5000 mAh.
Конзолата доаѓа и со контролер Kishi V2 Pro, со програмабилни копчиња. Има и претходно инсталирани услуги: GeForce Now и Xbox Cloud Gaming, а поддржува и игри за Android. Можно е и стриминг од компјутер со Steam Link.
Се очекува Razer Edge да се натпреварува со постоечките рачни конзоли на пазарот, како што се Nintendo Switch, Steam Deck и други.
Поврзани артикли