Продажбата на електрични автомобили очигледно расте поради субвенциите за купување во многу европски земји

Во Европа, пазарниот удел на електричните возила (чисти електрични не вклучувајќи ги тука и plug-in хибридите) во декември е 21 процент, што го надминува уделот на возилата со дизел за прв пат за два проценти, пишува Automotive News Europe.

Додека продажбата на дизелот паѓаше во текот на целата претходна годинана годишно ниво (2,3 милиони регистрации на крајот на септември или пад од 26 отсто во однос на претходната година), регистрациите на електрични возила драстично се зголемија, скокајќи за околу 91 отсто од нивото во 2020 година или 801.025 на крајот од третиот квартал.

Продажбата на електрични автомобили очигледно расте поради стимулациите за купување во многу европски земји, но и подобрување на инфраструктурата.