Импресивната deepfake снимка ја направи експертот за вештачка интелигенција Боб де Јонг, а гласот на „Морган Фримен“ го позајми Боет Шувинк.

Не, господинот што го гледате не е Морган Фримен. Всушност, тој не е ни приближно сличен. Тоа е производ на таканаречената „deepfake“ технологија, ново ниво на дигитална манипулација.

Видеото неодамна го објави сајтот DiepNep, досега има собрано милиони прегледи на различни социјални мрежи, а неговите автори им посакаа добредојде на гледачите во синтетичката реалност, ера во која вештачката интелигенција би можела да преземе доминација.

Импресивното „дипфејк“ видео е создадено од експертот за вештачка интелигенција Боб де Јонг, режисер кој работи за холандската компанија Ревел, гласот на „Морган Фримен“ го позајми холандскиот гласовен актер Боет Шувинк, а парот заедно покажаа како станува полесно да ги измамите луѓето и да ги убедите во нешто што не постои.


Инаку, Шувинк уште во 2014 година на Јутјуб презентираше како го имитира Морган Фримен, додека новинар од порталот TecheBlog претпоставува дека виралната манипулација е направена со помош на таканаречена генеративна противничка мрежа (GAN).

Меѓутоа, наместо да фасцинира, видеото со лажниот Морган Фримен најмногу ги преплаши корисниците на социјалните мрежи, што не е чудно бидејќи се чини дека наскоро веќе нема да знаеме што е реалност, а што манипулација.

„Замислете само“. Со помош на вакви програми ќе ја преправаат историјата за 200 години. Можеби е интригантно, но дипфејк технологијата е исто така страшна бидејќи во рацете на луѓе со лоши мотиви може да предизвика голема штета“, велат корисниците на Инстаграм во своите коментари.