Официјален Пекинг објави правила за технологии за длабока синтеза минатата година и ги финализираше во декември. Ќе стапат на сила на 10 јануари.

Овој месец, Кина ќе ја добие својата прва регулатива за deepfake, настојувајќи да ја зајакне контролата врз содржината на веб.

Deepfakes се синтетички креирани или изменети слики или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција.

Оваа технологија може да се користи за менување на постоечко видео – на пример, со ставање на лицето на политичар во видео или создавање лажен говор. Ова создава лажни медиумски содржини што изгледаат автентични, но не се.

Официјален Пекинг објави правила за технологии за длабока синтеза минатата година и ги финализираше во декември. Ќе стапат на сила на 10 јануари.

Еве неколку клучни одредби:

Корисниците мора да се согласат за користење на нивното лице за која било технологија за длабока синтеза;
Услугите за длабока синтеза не смеат да се користат за ширење лажни вести;
Услугите за длабока синтеза мора да го потврдат вистинскиот идентитет на корисникот;
Синтетичката содржина мора некако да ги информира корисниците дека се работи за изменета графичка или видео содржина;
Забранета е содржина што е во спротивност со постоечките закони, како и содржини што ја загрозуваат националната безбедност и интереси, му штети на националниот углед или економијата.
Регулаторната агенција Кинеска сајбер администрација е задолжена за спроведување.

Од крајот на 2020 година, Кина се обидува да ја ограничи моќта на технолошките гиганти во земјата. Властите воведоа низа регулативи за области кои се движат од заштита на конкурентноста на пазарот до заштита на податоците.

Минатата година беше усвоен првиот закон со кој се регулира како технолошките компании можат да користат алгоритми за да препорачаат содржина. Тие исто така се обидоа да ги регулираат новите технологии.

Новите правила за deepfakes покриваат две цели: построга онлајн цензура и пионерски чекори во регулирањето на технологијата, пишува CNBC.