На интернет кружи видео од легендарниот телефон Nokia 3310, кој некогаш бил подложен на необичен тест за издржливост.

Nokia 3310 е многу познат телефон и има многу шеги за овој легендарен уред.

Се вели, на пример, дека овој мобилен телефон е толку силен што ако го фрлите од врвот на зграда, ќе го скрши тротоарот, додека други веруваат дека може да помине години на безбедно место, а сепак да има полна батерија кога повторно ќе го извадите.

На Инстаграм се појави кратко видео на кое се гледа што се случува за време на „средбата“ меѓу хидраулична преса и телефон Нокиа 3310.

Телефонот на крајот беше смачкан, но успеа да го издржи огромниот притисок на преса од 40 тони и сензор за сила од 150 тони.

Оригиналното видео е креирано од каналот на YouTube „Hydraulic Press Channel“, кој неколку години подоцна исто така ја тестираше моќта на поновиот телефон Nokia 3310, а како изгледа тоа можете да погледнете во видеото подолу.