Претплатата од осум долари месечно им овозможува на корисниците да прикачат видео во траење до 60 минути и други опции.

Twitter Blue им даде на претплатниците нови опции, вклучувајќи „приоритет во рангирањето за време на разговорите“, како и „качување“ видеа до 60 минути. Илон Маск ги вети двете функции во ноември минатата година.

Приоритетот за одговор сега е достапен, а во објаснувањето се наведува дека функцијата им дава приоритет на одговорите на твитови со кои корисникот има интеракција. Се истакнува дека оваа функција ќе ја намали видливоста на измамите, спамовите и ботовите.

Новите правила, кои се однесуваат на видеата, ја зголемуваат должината од 10 минути и 512 MB на 60 минути и 2 GB, резолуција до 1080 p. Но, сето ова ќе биде достапно само на веб. Правилото за прикачување видеа до 10 минути останува за корисниците на Android и iOS.

Маск рече дека во одреден момент Твитер ќе почне да им плаќа на креаторите на содржини за поставените видеа, истакнувајќи дека може да ги надмине 55% што ги нуди YouTube. Не беше наведено дали ова ќе се нуди преку рекламирање или на друг начин.