Motorola се подготвува да го објави првиот член на Moto G Stylus семејството телефони кој ќе има поддршка за 5G. Името на уредот едноствани ќе биде Moto G Stylus 5G, според наводите на дојавувачите.

Се сугерира дека оваа варијанта на телефони ќе биде ексклузивна за американскиот пазар. Уредот го носи кодното име Denver, а има и вградено паметно пенкало, до 256GB простор за складирање и се очекува со четири камери на задната страна.

Системот на камери ќе го сочинува главниот сензор од 48MP, ултраширокоаголна камера од 8MP, сензор за длабочина од 2MP и 5MP макро камера. Камерите ќе бидат поставени во горниот лев агол на задната страна на уредот.

Moto G Stylus 5G би требало да го користи поскромниот Snapdragon 480 процесор. Се очекува и 5000mAh батерија, 4GB RAM и ист дисплеј како кај 4G LTE Moto G Stylus моделот: 6.8-инчен 60Hz со 2400 x 1080p резолуција.

Останува да се види по која цена ќе биде достапен Moto G Stylus 5G и дали ќе биде поевтин од Motorola One 5G Ace (400 долари) и Motorola One 5G (445 долари), кои сепак пристигнуваа и со помоќни Snapdragon 750 и 765 чипови.