Се попопуларниот MIUI Android кориснички интерфејс на Android наскоро ќе ја добие својата 12. поголема објава. Најновите гласини сугерираат дека MIUI 12 ќе биде објавен на 27. април. Xiaomi сега објави некои детали за функциите кои ќе ги има новиот интерфејс.

Wallpaper Dimming преку Dark Mode 2.0 имплементацијата ќе симулира постепена транзиција на светлото, засновано на циклусот на ден и ноќ. Интересно ќе биде да се види дали оваа функција ќе работи само на предефинираните системски фотографии или Xiaomi пронашол начин да ја примени на било која позадина.

Функцијата на подесување на дебелината на фонтот ќе може автоматски да ја подесува дебелината на текстот за да се намали отсјајот или замаглувањето. Ова ќе биде придодадено со “dynamic font system” кој веќе постои во MIUI 11 верзијата и би требало да функционира и во dark и во light мод.

Подесувањето на контрастот на фонтот е уште еден чекор кон конечно овозможување на подобро исксутво на читање на содржини. Главната идеја се сведува на тоа дека разликата помеѓу релативното осветлување и контрастот, односно црната позадина и белиот текст во Dark Mode 2.0 динамички се прилагодуваат, засновано на амбиенталното осветлување.

MIUI 12 секако ќе понуди и бројни други опции, а Xiaomi сигурно ќе се потруди некои од нив да ни ги претстави во следниот период.