Веќе некое време знаеме дека Samsung го подготвува телефонот Galaxy A54 5G, а сега се појавија повеќе нови информации за уредот.

Веќе знаеме дека Galaxy A54 5G треба да користи чипсет Exynos 1380, да се напојува од батерија од 5100 mAh и да има нов сензор за главната камера од 50 MP. Сега сајтот Bluetooth SIG откри уште некои детали за телефонот.

Според податоците, Samsung Galaxy A54 5G ќе го има бројот на моделот SM-A546V, што потврдува дека навистина е модел на Galaxy A54. Потврдена е и поддршката за Bluetooth v5.3.

Неодамна дознавме дека јужнокорејскиот производител ќе ја прекине серијата на телефони Galaxy A7x, со што Galaxy A54 ќе стане предводник на серијата Galaxy A.

Ова ќе му овозможи на телефонот да привлече голем број купувачи кои бараат поевтин телефон од средна класа со карактеристики кои се наклонети и кон повисокиот сегмент.

Покрај гореспоменатиот Exynos 1380 процесор, Galaxy A54 5G треба да има и 6GB RAM, додека батеријата од 5100mAh ќе поддржува брзо полнење од 25W.

Кога станува збор за дисплејот, се очекува 6,4-инчен Full HD+ AMOLED екран, со поддршка за стапка на освежување од 120 Hz. Оперативниот систем ќе биде Android 13 со кориснички интерфејс One UI 5.0.