Компанијата Samsung на почетокот на следната година ќе одржи два Unpacked настани, на кој ќе претстави нови уреди.

Првиот Unpacked е закажан за 4. јануари и ќе се фокусира на смартфонот Galaxy S21 FE, чија продажба ќе започне на 11 јануари.

Досега познатите информации се дека S21 FE ќе има екран од 6,4 инчи и батерија од 4.500 mAh, која ќе поддржува безжично полнење. Одзади се очекуваат три камери, а на предната страна една.

Вториот Unpacked ќе се одржи на 8. февруари и е резервиран за мобилните телефони од Galaxy S22 серијата. Нарачките за овие уреди ќе започнат истиот ден, а официјалната продажба на 18. февруари.

Датумите на презентација се уште не се официјални, но наскоро се очекува потврда од јужнокорејската компанија.